ИНДЕКС ЗА МЛАДИНСКИ РАЗВОЈ ВО МАКЕДОНИЈА
Unsplashed background img 2

За Коалиција СЕГА

Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми.

Коалицијата на младински организации СЕГА неформално е формирана на 20 Јануари 2004 год. со цел да придонесе кон процесот на креирање и имплементација на Националната стратегија за млади на РМ и да помогне во исполнување на потребите на младите. На 27 Септември 2004 год. е донесена одлука за формално регистрирање на Коалицијата како здружение на граѓани.

Членството на Коалицијата (во овој момент) го сочинуваат 27 организации членки. Управувачката структурата ја сочинуваат следниве органи:

  • Собрание - составено од сите членки;
  • Управен одбор - составен од 5 претставници од организации полноправни членки;
  • Надзорен одбор - составен од 3 членови.

Извршната структура е организирана во Централна канцеларија со седиште во Прилеп, 4 регионални канцеларии во: Штип, Охрид, Тетово и Скопје, како и 2 Информативни и Советодавни Центри во Прилеп и Кавадарци.

ВИЗИЈА на СЕГА: Младите делуваат на промените и развојот на Македонија, учествуваат во донесување на одлуки на локално и национално ниво за прашања кои директно ги засегаат. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.

МИСИЈА на СЕГА: Коалицијата на младински организации СЕГА работи на развивање и примена на младински политики на локално и национално ниво, ги поврзува и јакне младинските организации со цел активирање на младите и подобрување на условите за нивен личен и професионален развој во Република Македонија.

Во своето 14-годишно работење СЕГА има изработено голем број на публикации, прирачници и мониторинг извештаи како и организирано голем број на семинари и обуки за подигнување на свеста за потребата од младинско учество како и застапување и лобирање за младинските потреби.

За проектот:

Проектот „Зајакнување на младинската вклученост во локалните заедници“ е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Проектот се спроведува во период од 36 месеци (октомври 2017 – септември 2020 година).

Главната цел на проектот е да се зголеми влијанието на младинските организации кон граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, со што ќе се придонесе кон подобрување на статусот и добросостојбата на младите луѓе во државата.

Главната цел ќе биде постигната преку примена на иновативни алатки за детектирање на младински потреби, со фокус на граѓанско учество, зајакнување на знаењата и вештините на младинските организации за адресирање на актуелните потреби на младите луѓе со што ќе се подобри разбирањето за младинското учество во локалната заедница.

Проектот воведува Индекс за младински развој во Македонија, како нова и иновативна алатка за адресирање на потребите на младите на сите нивоа. Проектот се спроведува во соработка со Агенцијата за млади и спорт.